ЧПП


Што е Земи.мк

Земи.мк е официјален регистрар за македонскиот .mk домен и веб хостинг провајдер со брзи и стабилни сервери.

Што е домен?

Домен всушност е името на веб страница преку кое истата ја повикуваме. Со цел полесно да пристапуваме до Веб страниците, доменот има за функција да ја прекрие и да ве поврза со IP адресата на серверот каде што е хостирана страницата. Пример: zemi.mk е нашиот домен.

Што е веб хостинг?

Веб хостинг најчесто означува простор на веб сервер на кој се прикачува вашата веб страница со цел истата да биде достапна 24/7/365. Во зависност од потребите на купувачите Земи.мк нуди повеќе хостинг пакети. Како Linux така и Windows пакети. Покрај примарната функција да хостира веб страници, веб хостингот е неопходен и за креирање на компаниски мејл адреси. Пример info@zemi.mk.

Кои домени можат да се регистрираат преку Земи.мк?

Земи.мк овозможува регистрација на речиси сите .mk домени (.mk, .com.mk, .org.mk, .edu.mk, .net.mk, .inf.mk), регистрација на македонскиот кириличен домен .мкд, како и генеричките домени .com, .net, .inf, .org и многу други.

Која е цената за .mk домен?

Регистрација на .mk домен чини 799 денари. Од следната година, обновата на доменот изнесува 649 денари. Погледнете ги сите цени на следниот линк. За регистрација на домен на повеќе години следува попуст.

Како да регистрирам домен?

Регистрацијата на домен во Земи.мк се врши во три едноставни чекори. Повеќе детали можете да прочитате на следниот линк.

Колку време трае процедурата за регистрација на домен?

Доколку плаќањето за регистрација се изврши онлајн, со платежна картичка, истата се врши автоматски и вашиот домен веднаш е достапен за користење. Доколку се плати на фактура, регистрацијата ќе се изврши веднаш штом биде евидентирана уплата или за најмногу 24 часа од уплатата.

Доколку купам веб хостинг пакет, за колку време ќе добијам податоци за најава на панелот?

Најчесто за неколку минути по уплатата доколку е извршена онлајн. Доколку платите на фактура, детали за најава ќе добиете за најмногу 24 часа на мејл адресата со која сте се регистрирале на Земи.мк.

Каков веб хостинг пакет ми е потребен?

Хостинг пакетот најмногу зависи од технологија во која е работена веб страницата. Доколку користите WordPress, Joomla, PHP/MySQL или HTML/CSS/JavaScript препорачливо е да хостирате на Linux хостинг пакет. Доколку вашата страница е изработена во ASP.NET или имате потреба од хостирање на MSSQL база со податоци тогаш задолжително изберете Windows веб хостинг пакет.

Од големината на веб страницата зависи и големината на пакетот кој ви е потребен. Големината на една веб страница најчесто најмногу зависи од бројот на мултимедијални фајлови кои ќе бидат хостирани. За хостирање на основна корпоративна веб страница најчесто доволен е и Gnome пакетот од Земи.мк. Доколку вашата веб страница се надополнува секојдневно, во тој случај најверојатно ќе ви биде потребен поголем пакет.

Кога размислувате за кој пакет да се одлучите важно е да го земете в предвид и бројот на компаниски мејл адреси кои ќе ги користите и за што истите ќе ги користите.

Како да извршам промена на именски опслужувачи?

Промена на именските опслужувачи се врши инстантно преку контролниот панел на Земи.мк. Повеќе детали можете да прочитате на следниот линк.

Веќе имам регистрирано домен кај друг регистрар, како да го префрлам истиот во Земи.мк?

Трансфер на .мк домени во Земи.мк се врши бесплатно, со само еден клик. Пред да преминете кон трансфер потребно е да побарате ЕПП (Авторизациски код) од досегашниот домен регистрар. Откако истиот ќе го добиете појдете на следниот линк, внесете го доменот во формат zemi.mk (без http://www.), внесете го ЕПП кодот и кликнете „Трансфер“. Податоци за најва, како корисничко име и лозинка ќе ви бидат испратени на мејлот кој е внесен при регистрација на доменот како мејл на регистрант.